Кривична пријава против три лица за сторени кривични дела „тешка кражба“ и „одземање на моторно возило“
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Секторот за внатрешни работи во Скопје поднесе кривична пријава против тројца скопјани, двајца на возраст од 19 години и еден на вораст од 20 години поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „тешка кражба“ и „одземање на моторно возило“, соопштија од МВР.
Пред четири дена во период од 14:00 до 17:00 часот во Скопје во објект на правно лице од Скопје, пријавените преку незаклучената влезна врата влегле внатре и одзеле 40 електромотори и пумпи, по што истите ги ставиле во товарно возило „мерцедес спринтер”, сопственост на фирмата, во кое бил оставен клучот за стартување на истото, по што заминале во непознат правец, се наведува во соопштението на полицијата.
Од МВР посочија дека работат на расветлување на случајот.
Извор: Макфакс