Кривична пријава против вештак поради примање поткуп
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Секторот за внатрешни работи Штип до Основното јавно обвинителство во Штип поднесе кривична пријава против 56-годишниот С.В. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело примање поткуп, казниво по член 357, став 6, во врска со став во врска со став 2 од Кривичниот законик, соопштуваат од МВР.
„Пријавениот во својство на вешто лице ангажиран од Бирото за судски вештачења при Министерството за правда во текот на јули 2018 во неколку наврати побарал парични средства во износ од 2.000 евра од сопственик на винарска визба од Штип за да стави потпис на економско-финансиски вештачења по предмет што се водел во Основниот суд во Штип против правното лице“, се наведува во соопштението од полицијата. Во соопштението на МВР се додава дека пред само два дена, односно 6 октомври, во просториите на правното лице пријавениот ги примил паричните средства во износ од 2.000 евра по што се потпишал на финансиското вештачење, а судија на претходна постапка на пријавениот му одредил мерка куќен притвор.
Извор: Макфакс