Кривична пријава за директорка на училиште од Старо Нагоричане | Правдико

Правдико

   

Кривична пријава за директорка на училиште од Старо Нагоричане

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Полицијата поднесе кривична пријава за директорка на основно училиште во Старо Нагоричане за злоупотреба на службена положба.

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Куманово против  Д.С. (37) поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, соопшти МВР.

Пријавената, како директорка во основното  училиште „Светозар Марковиќ“ во село Старо Нагоричане, во текот на 2015 и 2016 година, по спроведена постапка по јавен оглас за пополнување работни места и избор на наставник, дала изјава дека оштетениот наставник работи повеќе од две години и дека ги исполнува условите за трансформирање на работниот однос. Училишниот одбор изгласал мислење со кое било одлучено за наставник да биде примен оштетениот кандидат.

Пријавената не го испочитувала мислењето на училишниот одбор и незаконски донела решение со кое го поништила спроведениот испит, потребен како услов по огласот. На кандидатка која не го положила испитот по вторпат ѝ овозможила да го полага и да го положи испитот. Потоа со одлука го избрала токму тој кандидат како најуспешен.

Неправилностите и незаконски овозможеното повторено тестирање биле констатирани и на записник при извршен инспекциски надзор од Државниот просветен инспекторат на Република Македонија, кој со решение ја поништил постапката за избор на наставник.

На повторениот јавен оглас во 2016 година, на кој повторно се пријавиле истите кандидати, пријавената наместо да постапи по наредбата на Државниот просветен инспекторат и да ја отстрани незаконитоста, повторно не ја извршила својата службена должност. Таа повторно донела одлука со која го избрала претходно избраниот кандидат и склучила договор за вработување на определено време до 31.08.2016 година.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико