Кривична пријава за двајца кичевци поради учество во тепачка | Правдико

Правдико

   

Кривична пријава за двајца кичевци поради учество во тепачка

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Полициската станица Кичево поднесе кривична пријава против И.В. (41) и К.П. (34) и двајцата од Кичево, поради постоење на основи на сомнение за сторено казнено дело „учество во тепачка“ Пријавените на 4 минатиот месец, најпрво вербално, а потоа и физички го нападнале А.С. (51) од Кичево. Настанот се случил на улица „Маршал Тито“ околу 15 часот.

Откако го пресретнале во близина на неговиот дом, пријавените најпрво започнале вербална расправија со А.С., а потоа и физички го нападнале со тупаници, при што му задале повеќе удари по телото, а физичкиот напад продолжил и во дворот на оштетениот.

Со телесни повреди здобиени при овој напад А.С. најпрво бил примен во Општатат болница во Кичево, а потоа бил транспортиран во специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико