Кривична пријава за ексградоначалникот на општина Василево
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.СВР-Струмица поднесе кривична пријава против В.С. (50) од с.Едрениково – Василево поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување и Л.Н.(44) од с. Василево поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело помагање во врска со злоупотреба на службена положба и овластување.
Од МВР велат дека првопријавениот, во својство на градоначалник на општина Василево, на 29.9.2017 година, за наводни потреби на општината побарал од второпријавениот, вработен како в.д. директор на ЈПКД „Турија“ од Василево, наредниот ден (30.9) да биде ангажирана работната машина марка, која била во сопственост на ЈПКД „Турија“, со цел да се насипе улица во с. Едрениково и покрај тоа што на тоа место според урбанистичкиот план за с. Едрениково не постои улица.
Второпријавениот на 29.9.2017 година без претходно да потпише налог за користење службено возило и без да изготви работен налог, му дал задача на Т.П. вработен како багерист во ЈПКД „Турија“ со работната машина да изврши поставување песок на улица во с. Едрениково, која не била опфатена во урбанистичкиот план. Притоа, Л.Н. не изготвил ниту фактура за наплата за извршената работа, со што му овозможил на првопријавениот за приватни потреби на трето лице да ја искористи работна машина без да се покријат трошоците.
Извор: Макфакс