Кривична пријава за фалсификување службена исправа и злоупотреба на службена положба | Правдико

Правдико

   

Кривична пријава за фалсификување службена исправа и злоупотреба на службена положба

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Полициската станица Неготино до надлежното ОЈО поднесе кривична пријава против лицата: В.К. (58) од Кавадарци – управител на “АНГО ВЕС“ Кавадарци и вработен во винарската визба „Повардарие“, П.К (37) од Кавадарци – вработен во „Повардарие“, Б.Б. (57) од Велика Врбница, Република Србија – управител и генерален директор на “Повардарие“, Т.Б.(60) од Неготино – вработен во „Повардарие“, како и против правните лица – Друштво за угостителство трговија услуги и производство „АНГО ВЕС“ ДООЕЛ, увоз-извоз – Кавадарци и Винарска визба „Повардарие“ Акционерско друштво – Неготино, а поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување службена исправа“, казниво по член 361, „злоупотреба на службена положба и овластување“, казниво по член 353 став 3 в.в. со став 1 од КЗ на РМ и кривично дело „недозволена трговија со меѓупроизводи, етил алкохол и тутунски добра односно стоки“ (казниво по член 60 став 3 в.в. со член 13 од Законот за акцизи, и в.в. со член 44 од КЗ на РМ.).

 

Пријавените физички лица заедно со двете фирми во периодот од 29.09.2017 до 09.01.2018 година пуштиле во акцизно правен слободен промет алкохолни пијалоци и алкохолен суров дестилат. Тие од евиденцијата на винарска визба “Повардарие“ избришале 2.655 шишиња од еден литар 40 процентна “Стара жолта“ лозова ракија – Повардарие“ без бандерола, 2.236 шишиња од 0.7 литри 40 постотна “Стара жолта“ лозова ракија- “Повардарие“ без бандерола, потоа 4.606 шишиња од 0.7 литри 48 постотна “Стара жолта“ ракија без бандерола без етикета. Истовремено, Т.Б. изготвил и потпишал исправа во која лажно прикажал дека се истура флаширана ракија во цистерна. Со оваа дејствие му било овозможено на В.К. со товарно возило во два наврати да ја пренесе наведената ракија од „Повардарие“ во неговата приватна фирма “АНГО ВЕС“ во Кавадарци, и потоа ја пуштил во акцизно правен слободен промет. На тој начин пријавените го оштетиле Буџетот на Република Македонија за износ од 30.526.889 денари.

Со наредба на Основниот суд Кавадарци бил извршен претрес во фирмата “АНГО ВЕС“ каде што била пронајдена и одземена ракијата. Исто така, по наредба на Основен суд Неготино бил извршен и претрес во винарска визба „Повардарие“ – Неготино и биле пронајдени 1.951 шишиња ракија – без бандероли. Ракијата е одземена, а при претресот одземени се и осум фактури без потпис во количина од 197.131 литар за извршена продажба на суров дестилат од винарска визба „Повардарие“ до фирмата – винарска визба – „Валандово“ од Валандово.

Препорачуваме

Партнери на Правдико