Кривична пријава за функционерите од ДУИ поради прославата за роденденот на Ахмети | Правдико

Правдико

   

Кривична пријава за функционерите од ДУИ поради прославата за роденденот на Ахмети

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Министерството за внатрешни работи доставило до Јавното обвинителство кривична пријава за функционерите од ДУИ поради прославата по повод роденденот на нивниот партиски лидер, Али Ахмети, што се одржа во новиот барокен објект на Министерството за политички систем, без маски и дистанца.

Обвинителството понатаму треба да одлучи дали имало кривично дело.

„Казнети се сите до еден што седеа на таа маса. Дали се претседатели на партии, пратеници или министри и кога зборуваме за изрекување казни на државни функционери, барем мене или на ова раководство на МВР не можете да му забележите. Од премиерот, заменик-премиерот, министерите – сите до еден досега имаат казни поради тоа што направиле одредени превиди што треба да ги санкционирам“, рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Министерот додаде дека постои одреден протокол дефиниран од Комисијата за заразни болести, како и на кој начин се однесуваат институциите при одржување средби и состанотци.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико