Кривична пријава за инспекторот што испука куршум додека си го чистел пиштолот
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Одделот за внатрешна контрола поднесе кривична пријава против инспекторот во СВР Тетово, кој испука куршум во канцеларијата додека си го чистел пиштолот, соопшти МВР.
Против Ш. С. е поднесена пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело предизвикување општа опасност.
Пријавениот, на 2 јуни, во просториите на СВР Тетово, поради невнимателно ракување со службениот пиштол, испукал еден куршум во својата канцеларија, при што никој не бил повреден.
Од страна на Одделот за внатрешна контрола поднесена е и иницијатива за поведување постапка за утврдување дисциплинска одговорност на полицаецот.
Извор: Макфакс