Правдико

   

Кривична пријава за инвеститорите на дивоградбата на улица Никола Вапцаров

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Општина Центар во вторник поднесе кривична пријава против три лица за вршење на градежни работи спротивни на основниот проект и дозвола добиени од општината.

pancevski_zgrada

Лицата В.П., С.П. и Е.Т., во текот на јули, август и септември, како соизвршители – инвеститори, надградиле два ката на постоечка зграда на ул, “Никола Вапцаров“ бр. 6 со вкупна бруто површина од 551,86 м2, за кои инспекциските служби утврдиле дека се дивоградба.

„На 20 октомври оваа година, овластениот градежен инспектор на општина Центар утврдил дека спротивно на проектот, кој дозволува само реконструкција и адаптација на објекти, инвеститорите подигнале надградба за која немале одобрение од општината. Општината два пати ги покани инвеститорите на средба, еднаш при надзорот со писмена покана и вториот пат на 20.10.2016 телефонски, на што инвеститорите не се одзваа.

Согласно законските прописи, општината достави барање за отстранување на третиот и четвртиот кат во рок од три дена. Со надградбата, осоминчените како соизвршители сториле кривично дело „бесправно градење“ според член 244а од Кривичниот Законик“, се вели во соопштението од Општина Центар.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико