Правдико

   

Кривична пријава за Коце Трајановски, назначил директор на ,,Водовод” без валидна диплома

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Скопската полиција поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски поради поставувањето на Александар Атанасов за генералниот директор на ЈП „Водовод и канализација“ во 2014 година, иако немал валидна и призната диплома во земјава. Пријава е поднесена за уште три лица од општината кои што учестувале во постапката за избор на Атанасов за директор.

Како што соопшти МВР, Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против К.Т.(63), Н.И.(65), В.Ѓ.(53) и Б.Т.(67) од Скопје за „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Трајановски, како градоначалник на град Скопје, во текот на декември 2014 донел одлука за распишување јавен конкурс за избор на директор на ЈП „Водовод и канализација“- Скопје, врз основа на што бил објавен јавен конкурс и била спроведена постапка за избор на директор на претпријатието. За спроведување на постапката биле назначени Н.И. – раководител на секторот за општи работи во Град Скопје, претседател на комисијата за спроведување на постапката за избор на директор во ЈП „Водовод и канализација“, а В.Ѓ. – раководител на одделение за управување со човечки ресурси во Град Скопје и Б.Т. – раководител на сектор за правни работи во Град Скопје, во својство на членови на комисијата.

„Претседателот и членовите на комисијата не извршиле проверка на комплетноста и валидноста на доставената документација од кандидатите за распишаниот јавен конкурс за избор на директор на ЈП ‘Водовод и канализација’ Скопје. Од 11 пријавени кандидати за директор бил избран кандидатот А.А., кој имал некомплетни документи, односно дипломата за завршен факултет во државата Њујорк во САД не му била нострифицирана. Ваквата одлука тие ја доставиле до К.Т., кој исто така, не извршил проверка и донел одлука за избор на А.А. за директор на ЈП ‘Водовод и канализација’ -Скопје”, соопшти полицијата.

По изборот, Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално-станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва (СУТКОЗ), поднеле претставка до Министерството за труд и социјална политика и до Државниот инспекторат за труд за начинот на избор на директор. По извршениот инспекциски надзор во јавното претпријатие, на Коце Трајановски му било укажано да ја преиспита одлуката за избор на директор на претпријатието и да донесе одлука во согласност со своите надлежности, но тој не преземал никакви дејствија со што му овозможил на Атанасов да продолжи да ја извршува функцијата.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико