Кривична пријава за кумановец кој одгледувал и продавал марихуана во Скопје
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Единицата за недозволена трговија од Скопје поднесе кривичнa пријавa против 35-годишен кумановец, под сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.
Како што наведуваат од МВР, на 08 јуни полицајци го легитимирале пријавениот на улица „Лазар Поп Трајков“ при што кај него била пронајдена полиетиленска кеса со растителна материја.
По добиената усна наредба за вршење претрес во домот каде привремено престојувал кумановецот Д.З., пронајдени и одземени биле 147 саксии со канабис, 49,65 грама марихуана, 46,33 грама амфетамин, четири таблети MDMA, дигитална вага, дигитален мерач за температура и влажност, тајмер и четири лед панели.
На Д.З. од страна на судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во времетраење од 30 дена, информираат од МВР.
Извор: Макфакс