Кривична пријава за лекар од Гостиварско кој издал лажни негативни ПЦР-тестови
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Секторот за внатрешни работи Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Гостивар против лекар од гостиварско Чегране, кој издал лажни негативни ПЦР-тестови на лица на кои им биле потребни за патување во странство. За тестовите им наплатил вкупно 4.500 денари.
„Е.М.(45) се сомничи дека на 7 и 9 март, како лекар во гостиварската Општа болница ‘Ферид Мурад’ на две лица им изготвил лажни негативни ПЦР-тестови, кои им биле потребни за патување во странство и им наплатил 3.000, односно 1.500 денари или вкупно 4.500 денари.
Е.М., кој вчера (22.3.2021) бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гостивар, a со кривичната пријава денеска ќе биде однесен пред Јавен обвинител“, соопшти МВР.
Извор: Макфакс