Кривична пријава за лице од Виница за поседување наркотици | Правдико

Правдико

   

Кривична пријава за лице од Виница за поседување наркотици

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

rsz_img_2213НК за КР при ПС-Виница вчера (17.05)поднесе кривична пријава против З.И. (59) од Виница поради постоење основано сомнение дека е сторител на кривично дело -“неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекузори“, предвидено и казниво по чл.215 ст.1 од КЗ на Р Македонија.

Имено, по претходно добиени оперативни сознанија за постоење на основи на сомневање дека е извршено кривичното дело, а по превземени мерки и активности и издадена Наредба од ОС-Кочани извршен е претрес во домот и другите простории каде што живее и ги користи лицето З.И. При претресот се пронајдени и привремено се одземени следните предмети:бела јутена вреќа со нето маса од 3250 грама исполнета со нн тревкаста материја,најлонска вреќа со тревкаста материја со нето маса од 1895 грама, шест полиетиленски кеси со травакаста материја со нето маса од 6060 грама, две најлонски вреќи со травкаста материја нето маса од 3105 грама. Покрај ова пронајдени се и една зипер кеса со растителна материја од 3,25 грама, зипер кеса со жолта прашкаста материја со нето маса од 17,08 грама, зипер кеса со светло кафеава прашкаста материја со нето маса од 3,67 грама, две зипер кеси со бела прашкаста материја од 7,72 грама, две зипер кеси со кафеава прашкаста материја од 24,18 грама, и зипер кеса со зелена прашкаста материја со нето маса од 13,79 грама.

Исто така при претресот се откриени и 34 предмети-артефакти (човечка глава со ликот на Габриел, плоча со лик на императорка, плоча заљубен пар со цар Константин и царица Елена,статуетка со пар грб на грб машка и женска фигура,статуетка св.Јаким итн)

Одземените предмети се испратени на вештачење и констатирано е дека растителната материја е марихуана во нето маса од 14,31 килограми а пак за одземените артефакти со вештачење во НУ Археолошки музеј на Македонија е утврдено дека предметите не се дела со историско наследство и немаат културно историска вредност, односно станува збор за фалсификати.

Препорачуваме

Партнери на Правдико