Кривична пријава за лицето што ја поставило бомбата во Собранието
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Кривична пријава против Ј.Л. (41) од Скопје, за изработка и поставување на импровизирана бомба поднела СВР Скопје. Ј.Л. е осомничен дека на 27.април импровизираната експлозивна направа ја поставил во Собранието.
Според Билтенот на МВР, пријавениот околу 19 часот со толпата влегол во Собранието, а околу 20.40 часот заедно со околу 20 лица се качил на првиот кат од Собранието, по што сам влегол во две канцеларии кои се меѓусебно поврзани. Притоа под работно биро поставил импровизирана експлозивна направа која се состои од петарда и боца со компримиран бутан гас залепени со селотејп трака, како и уште едно парче петарда и си заминал.
Направата не експлодирала, а била откриена на 2 мај околу 8.25 часот, кога вработените во канцелариите пристигнале на работните места и почнале да го средуваат нередот во истите, при што еден од вработените ги забележал петардата и импровизираната експлозивна направа на подот, по што со колега ги оставиле до корпите за смет во ходникот. Импровизираната бомба истиот ден околу 17 часот ја забележал вработен во обезбедување на Собранието, по што пријавил в полиција.
Извор: Макфакс