Кривична пријава за “насилство“ за син и татко | Правдико

Правдико

   

Кривична пријава за “насилство“ за син и татко

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

mvr-618x3601СВР Скопје-Единица за насилен криминал-Одделение за крвни и сексуални деликти до надлежното ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против лицата И.Р. (19) и Р.Р. (53), двајцата од Скопје, поради основано сомнение дека извршиле кривично дело “насилство“, предвидено и казниво по член 386 од КЗ на РМ. Од страна на Судија на претходна постапка на двајцата им е одредена мерка притвор во траење од по 30 дена.

Имено, на 15-ти овој месец околу 21:30 часот на ул.„Аврам Писевски“, во скопски Чаир поточно на влезната врата од домот на оштетените, пријавениот И.Р. заѕвонил на ѕвончето, и откако вратата ја отворила сопругата (односно мајка) на оштетниот, И.Р. го побарал нејзиниот син. Истиот, се појавил на влезната врата заедно со татко му, при што го виделе првопријавениот кој во рацете имал дрвена палка и нож и второпријавениот кој во раката имал чекан. Откако И.Р. им се обратил со зборовите – “вие ли женско ќе тепате“, тој заедно со Р.Р. физички ги нападнале оштетените.

И.Р. со нож му нанел неколку рани на оштетениот (татко) во пределот на градниот кош и абдоменот по што овој бил повлечен према внатре од страна на неговиот син. А, откако оштетените ја заклучиле вратата, од страна на И.Р. и Р.Р. биле искршени и парчиња стакло од влезната врата. Сторителите непосредно по извршување на кривичното дело, од страна на полициски службеници од ПС од ОН Бит Пазар, биле затекнати на местото на настанот и лишени од слобода.

Од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал, беа извршени проверки во Ургентен Центар при Клинички Центар „Мајка Тереза“ Скопје – во врска со видот и карактерот на повредите, при што усмено им било појаснето дека оштетениот (татко) се има здобиено со тешки телесни повреди  – три убодни рани во пределот на градниот кош од левата страна, три убодни рани во пределот на абдоменот од левата страна, и дека се наоѓа во животно загрозувачка здравствена состојба, така што е задржан на КАРИЛ, додека кај другиот оштетен (син) се констатирани телесни повреди во вид на гребаници и расекотини во пределот на глуждот од левата нога. Во врска со пријавениот настан,  известен е дежурен Јавен обвинител, кој не излезе на лице место, а увидот го препушти на увидна екипа од ЕУМНА при СВР Скопје.

Препорачуваме

Партнери на Правдико