Кривична пријава за оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем | Правдико

Правдико

   

Кривична пријава за оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика во Бирото за јавна безбедност при МВР на РСМ, на 02.09.2019, по претходно доставена пријава од страна на Централниот регистар на Република Северна Македонија и консултација со надлежен Јавен обвинител од ОЈО Скопје, го лиши од слобода Љ. Ј. (46) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

Во координација со судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, полициски службеници од Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР извршија претрес во дом во Скопје. По обезбедување на материјални докази и комплетирање на постапката, против Љ. Ј. ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „Оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, предвидено и казниво по чл.251 од КЗ на РСМ.

Партнери на Правдико