Кривична пријава за полицаец од Штип кој сериозно повредил малолетник | Правдико

Правдико

   

Кривична пријава за полицаец од Штип кој сериозно повредил малолетник

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Одделот за внатрешна контрола при МВР поднесе кривична пријава против А.М., вработен во штипската полиција, поради сомнение дека сторил кривично дело малтретирање во вршење на служба.

Како што информираат од МВР, на 29 септември годинава, околу 21 часот, во просториите на полициската станица Штип пријавениот полицаец неповикано влегол во просторија од станицата каде од друг службеник бил надгледуван малолетник и го удрил, по што малолетникот се здобил со повреди.

Била повикана итна медицинска помош која ги констатирала повредите и му пружила медицинска помош.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико