Правдико

   

Кривична пријава за поранешен градоначалник на Свети Николе

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против поранешен градоначалник на Свети Николе, Р.Ѓ. (45) поради „злоупотреба на службената положба и овластување“, против правното лице „Вин-им“ ДООЕЛ Виница, С.Т. (51) од Виница и С.Д. (55) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправна градба“.

Според полицијата, на 20 мај 2010 година тој како градоначалник на општина Свети Николе донел и спровел одлука за јавна набавка за изградба на горен строј на коловозна површина и реконструкција и доградба на улици во Свети Николе за износ од 6.500.000 денари, без претходно да биде изработен основен проект и без одобрение за градење, како и без промена на деталниот урбанистички план.

Постапката за јавна набавка, според МВР, ја спровел со фиктивни количини од позициите во премер-пресметка и со одлука на Комисија за јавни набавки за изведувач била избрано второпријавеното правно лице, во кое одговорно лице била третопријавената. „По ова, С.Т. преку пријавеното правно лице почнала со изведба на градежните работи и заедно со С.Д., како вршител на надзор, во текот и по извршените градежни активности изготвиле завршна ситуација за наплата. На 20.09.2012 година Р.Ѓ. донел и спровел одлука за јавна набавка и вградување асфалт на улици во Свети Николе за износ од 600.000 денари, без претходно да биде изработен основен проект и без одобрение за градење, како и без промена на деталниот урбанистички план. И во овој случај, постапката за јавни набавки ја спровел со фиктивни количини од позициите во премер пресметката, а со одлука на Комисија за јавни набавки за изведувач бил избран ДГ ‘Изгрев инженеринг’ ДООЕЛ Велес“, соопшти МВР.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико