Кривична пријава за поранешниот градоначалник на Општина Дебарца | Правдико

Правдико

   

Кривична пријава за поранешниот градоначалник на Општина Дебарца

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.Т. (37) од с. Ботун, општина Дебарца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “проневера во службата“.

На 15.07.2015 година и 11.07.2017 година пријавениот, како градоначалник на Општина Дебарца, склучил договори за јавна набавка на мобилни комуникациски услуги со еден мобилен оператор според кои му биле доделени мобилни телефони.

Тој не ги евидентирал телефоните во пописните листи и по завршувањето на функцијата не ги раздолжил, со што се стекнал со материјална корист од 241.452 денари на штета на Општина Дебарца.

Препорачуваме

Партнери на Правдико