Кривична пријава за примање поткуп | Правдико

Правдико

   

Кривична пријава за примање поткуп

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до надлежното ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против полицискиот службеник И.Г., вработен во Полициската станица за ГП и ГН Деве Баир поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“ по член 357 од КЗ.

Пријавениот на 16.04.2022 од оштетениот А.Ѓ. побарал и примил парични средства за да не изврши службено дејствие кое морал да го изврши, односно му овозможил да ја помине границата без валиден негативен ПЦР тест, кој во тој период бил задолжителен при влез во Република Северна Македонија.

Против полицискиот службеник ќе биде покрената и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, како и отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка.

Препорачуваме

Партнери на Правдико