Кривична пријава за скопјанец кој “хакирал“ веб сајт | Правдико

Правдико

   

Кривична пријава за скопјанец кој “хакирал“ веб сајт

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

383892870Сектор за компјутерски криминал и дигитална форензика при Централните полициски служби во Биро за јавна безбедност при МВР до Основното јавно обвинителство на Скопје поднесе кривична пријава против лицето А.Т. (44) од Скопје, за сторено кривично дело “оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, по член 251 ст.1 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Во текот на јуни минатата година А.Т. неовластено навлегол со администраторски корисник во компјутерски систем – компјутерска серверска единица „WIN-KLS5VM0LT8C“ во сопственост на компанијата „Некстсенс ДОО“ од Скопје на која била хостирана Интернет страницата www.exploringmacedonia.com и потоа здобивајќи се со администраторски привилегии извршил промена на официјалната содржина од веб страницата, односно неовластено поставување на нови датотеки со што компјутерскиот податок го направил неупотреблив и некорисен.

Од доставените логови за сите извршени неовластени најавувања до хост – серверот извршена е анализа на истите каде се утврдени ИП адреси од кои што е пристапувано со време и датум, и со понатамошна истрага утврден е корисникот на истите – лицето А.Т., воедно и сторителот за гореспоменатото кривично дело.
Во врска со ова, извршен е претрес во домот и просториите на пријавениот каде се пронајдени компјутерите преку кои А.Т. извршил неовластено пристапување на компјутерскиот сервер во сопственост на  „Некстсенс ДОО“, Скопје. Поради обезбедување на податоци и дигитални докази извршена е анализа и вештачење врз одземената компјутерска опрема пронајдена при претресот.

Со примена на  специјални стандардизирани информатичко – форензички постапки и со користење на специјални лиценцирани форензички софтвер, реконструирани се поголем број на избришани фрагменти на пристапувани ИП адреси, URL–патеки од Интернет пребарувачите Google Chrome и Mozila Firefox, и дигитални фотографии.

Од пронајдените елементи на Интернет пристап, односно пристапувани ИП адреси и виртуелни мемориски медиуми, може да се констатира дека споредени со анализираните логови и прикачените датотеки во критичната дата и време од оштетениот хост сервер, дека се исти согласно ИП адреси, URL патеки и датотеки кои се добиени од вештачењето на привремено одземената компјутерска опрема од А.Т. , при што е констатирано дека пријавениот неовластено пристапувал кон серверот. Притоа користејќи администраторска сметка за најавување на серверската компјутерска единица, како краен дел за пристап од содржините прикачени на наведениот компјутерски систем си овозможил и извршил неовластено навлегување, променување и оштетување на компјутерските податоци – дигитални содржини на Интернет страница хостирана на серверот, а со тоа направил отежнување и нормално функционирање на комјутерскиот систем – хост серверот како и содржините во истиот.

Извор: МВР

Препорачуваме

Партнери на Правдико