Кривична пријава за скопјанец кој разменувал детска порнографија преку социјалните мрежи | Правдико

Правдико

   

Кривична пријава за скопјанец кој разменувал детска порнографија преку социјалните мрежи

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи на Република Македонија поднесе кривична пријава против В.Б. (47) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“.

По преземени мерки и активности дојдено е до сознание дека пријавениот преку социјалните мрежи за комуникација остварил контакти со малолетни лица при што биле разменети фотографии во електронска форма со експлицитна содржина.

Во врска со тоа, а по претходно добиена судска наредба, извршен е претрес во дом и други простории на пријавениот и притоа била пронајдена компјутерска опрема во која, по извршена форензичка анализа, биле пронајдени фото и видео материјали со порнографска содржина.

Препорачуваме

Партнери на Правдико