Кривична пријава за скопјанец поради измама | Правдико

Правдико

   

Кривична пријава за скопјанец поради измама

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Секторот за внатрешни работи Скопје – Единицата за економски и компјутерски криминал, до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против А.Љ.(33) од Скопје поради „измама“.

Тој со лажно прикажување на факти како ополномoштено лице со полномошно од 27.01.2017 година заверено на нотар, а дадено од неговата сестра како управител на правно лице, за да превзема дејствија во нејзино име, довел во заблуда претставник на друго правно лице и се стекнал со имотна корист во вкупна вредност од 154.201 денари. Тој го прикрил фактот дека не може да ја плати набавената стока, односно дека неколку месеци има блокирана жиро сметка и нема активен деловен статус.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико