Кривична пријава за скопјанец поради сомнение за криумчарење на мигранти | Правдико

Правдико

   

Кривична пријава за скопјанец поради сомнение за криумчарење на мигранти

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

РЦ за ГР „Југ„ поднесе кривична пријава против Н.Б. (28) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “криумчарење на мигранти“. На 23.04.2016 година пријавениот со ПМВ „Ауди“ превезувал пет лица илегални мигранти.

Истите ги прифатил во близина на Гевгелија  со намера да ги превезе до Скопје за сума од 500 евра, а парите требало да му ги дадат кога ќе стигнат.

Полициски службеници, кај с.Удово забележале дека возилото превезува мигранти и дале знак за запирање. Возачот не застанал, туку ја зголемил брзината и кај исклучокот од автопатот  Гевгелија – Скопје, кон стариот пат за Градско, излегол од возилото и се дал во бегство, а во возилото биле затекнати мигрантите.

Од преземени мерки и извршена анализа утврдено е дека пријавениот го сторил делото, и дека сѐ уште е во бегство.

Препорачуваме

Партнери на Правдико