Правдико

   

Кривична пријава за тешка кражба и злосторничко здружување

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Секторот за внатрешни работи Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против О.П.Д. (33) од Украина, А.М. (37) од Молдавија и В.Ш. (43) од Украина, поради постоење основи на сомнение дека извршиле 19 кривични дела – “тешка кражба“и кривично дело „злосторничко здружување“. Исто така кривично пријавени се лицата В.Б. (48), О.М. (37) државјани на Р. Украина, како и Д.Ш. (49) од Казахстан и С.А. (43) од САД, поради постоење основано сомнение дека извршиле 19 кривични дела – “помагање“ а во врска со кривичното дело -“тешка кражба“ и „злосторничко здружување“. Притоа, пријавените седум лица се стекнале со вкупна противправна имотна корист во износ од околу 105.000.000 денари.

Според целосно документираните сознанија од истрагата, во периодот од речиси четири месеци, односно од 24.07. до 17.11.2017 година, пријавените лица, кои биле дел од меѓународна организирана криминална група (што вршела криминални акции и во други делови од светот), извршиле кривични дела – “тешка кражба“ од граѓански сефови во Шпаркасе банка и Централна Кооперативна банка во Р.Македонија.

Пријавените закупиле сефови во банките и потоа, во текот на четирите месеци, односно до 17.11.2017 година првопријавената О.П.Д. (која користела лажен идентитет) и второпријавениот А.М. вршеле секојдневни посети на граѓанските сефови во Шпаркасе Банка, додека пак заедно со третопријавениот В.Ш. во Централна Кооперативна Банка. Во наведениот период пријавените лица вршеле снимање на внатрешноста на бравите на граѓанските сефови и изготвените видео-снимки ги носеле кај четвртопријавениот В.Б., кој ги изработувал клучевите-калаузи што подоцна се употребени при извршувањето на кривичните дела.

На 17.11.2017 година третопријавениот В.Ш. отишол во просториите на Централна Кооперативна Банка на улица “Даме Груев“ и со помош на претходно изработените клучеви-калаузи отворил три сефа од каде одзел накит и пари.. Истовремено, О.П.Д. заедно со А.М. отишле на ул.Македонија во Шпаркасе банка и со помош на претходно изработените клучеви-калаузи отвориле 16 сефа и од нив одзеле поголема количина на златен накит, пари, часовници и др..

По добиената пријава дека недостасуваат пари и накит од сефовите,во соработка со Европол и Интерпол преземени се оперативни мерки за расчистување на случајот и утврдени се идентитетите на сторителите.

Партнери на Правдико