Кривична пријава за убиецот на кучето Идриз
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Секторот за внатрешни работи поднесе кривична пријава против 45-годишниот С.Х. од Скопје и тоа за кривично дело „мачење животни“.
– На 29 април годинава околу 18.30 часот на улица Пиринска во близина на угостителски објект, откако претходно таткото на пријавениот се пожалил дека е каснат од куче, истиот од неговиот двор земал мала секира и метална шипка излегол надвор и откако го забележал, му се доближил на кучето и му задал еден удар со секира и повеќе удари со метална пречка во пределот на главата и од ударите го повредил кучето, го изложил на непотребни маки и нанесени болки кои резултирале со последица смрт – стои во соопштението на Министерството за внатрешни работи.
Според членот 233 од Кривичниот законик, за мачење животни, осомничениот ќе добие парична казна или затворска казна до шест месеци.
Кога пријавениот го извршил делото, присутните во угостителскиот објект реагираа, а потоа се организираа и протести пред куќата на пријавениот.
Извор: Нова Македонија