Кривична пријава за уништување на објект ставен под заштита во Битола | Правдико

Правдико

   

Кривична пријава за уништување на објект ставен под заштита во Битола

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

СВР Битола поднесе кривична пријава против Г.К.(38) од Штип, управител на „Глобал Гамниг“ ДОО Скопје и против „Глобал Гамниг“ ДОО Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“.

Првопријавениот, како одговорно лице во правното лице „Глобал Гамниг“ ДОО Скопје, во текот на 2019 година извршил градежни работи во ентериерот на фасада од куќа на ул.„Широк Сокак“ во Битола, објект ставен под заштита на Р.С. Македонија. На 25.09.2019 инспекциски тим на Управата за заштита на културното наследство наредил запирање на преземените градежни работи до добивање на конзерваторско решение, но тој не послушал и ги довршил градежните работи врз објектот, со што трајно го нарушил автентинчниот изглед на наведениот објект.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико