Правдико

   

Кривична пријава за „уцена“

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за насилен криминал до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против Ш.Ф.(23) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“, казниво по член 259 од Кривичниот законик.

Пријавениот Ш.Ф., на 24.01.2020 преку порака и се заканил на С.А.(27) дека на социјалната мрежа Фејсбук ќе објави компромитирачки материјал доколку не му даде 500 евра да го плати адвокатот во врска со кривичната пријава што ја поднела таа против него за телесни повреди кои ѝ ги нанел. После тоа, таа го пријавила настанот во Полициска станица, по што бил известен и јавен обвинител, по чии насоки се преземени мерки за расчистување на случајот.

Притоа, на 26.01.2020 околу 19.00 часот во угостителски објект на ул.„Христо Татарчев“, по претходен договор, пријавениот се сретнал со оштетената која му дала 200 евра. На истата локација во 19.45 часот, полициски службеници го лишиле од слобода Ш.Ф., а по извршен преглед кај него биле пронајдени и одземени 200 евра, кои му ги дала оштетената и мобилен телефон. Исто така, на 27.01.2020, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот каде престојува пријавениот, при што биле пронајдени и одземени и други предмети во интерес на истрагата.

Партнери на Правдико