Кривична пријава за врховните судии Грчев и Здравев за бегството на Грујовски и Бошковски | Правдико

Правдико

   

Кривична пријава за врховните судии Грчев и Здравев за бегството на Грујовски и Бошковски

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Граѓанската организација „Зелена лупа“ до Советот за утврдување факти и поведување одговорност на судии поднесе иницијативи за утврдување одговорност и на врховните судии Васил Грчев и Киро Здравев.

Експертскиот тим на „Зелена лупа“ смета дека тие како членови на Кривичниот совет  при одлучувањето по жалбите за притвор на обвинетите Н. Грујовски и Н. Бошкоски без законска основа не донеле решенија за отфрлање на поднесените жалби како недозволени, туку по нив решавале, постапка што двајцата обвинети ја искористиле и знаејќи дека се обвинети за тешки кривични дела за кои се пропишани високи казни затвор и за определената мерка притвор, се дале во бегство и сè уште не им се достапни на органите на прогонот и на другите државни органи на Република Македонија.

„Доставувањето на решението за притвор и правото на жалба пропишани се во одредбите од член 169 од Законот за кривичната постапка, во кои одредби воопшто не е пропишано правото на жалба против решението на Апелацискиот суд. Доколку тоа не им било познато на судиите, тогаш  судиската функција ја вршеле нестручно и несовесно по наведените предмети, што претставува потешка повреда пропишана во Законот за судовите. Доколку тоа го знаеле, тогаш со своите постапки ја злоупотребиле службената положба како членови на Кривичниот совет на Врховниот суд, што исто така претставува потешка повреда според Законот за судовите“, велат правните експерти од ова здружение.

Претходно „Зелена лупа“ за истиот случај поднесе кривични пријави за злоупотреба на службената положба  и  иницијативи за утврдување одговорност на судиите од Основниот суд Скопје 1: Дијана Груевска, Татјана Михајлова, Ленка Давитковска; Апелацискиот суд: Скопје: Лилјана Шопова, Сафет Кадриу, Цветанка Периќ и Врховниот суд на РМ: Јово Вангеловски, Ристо Катавеновски, Фаик Арслани  и Џемаил Саити.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико