Кривична пријава за загрепчанец за бесправно градење во Шипковица
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Tетовската полиција поднесе кривична пријава против 47-годишник од Загреб, Хрватска, и ТДТУ ТМП ДОООЕЛ Тетово поради сомнение за сторени кривични дела узурпација на недвижности и бесправно градење.
Како што информираат од МВР, на 2 овој месец, во атарот на селото Шипковица, на местото наречено Јелак, на парцели во сопственост на државата, од страна на полициски службеници бил затекнат пријавениот со градежни работници кои биле ангажирани за изведување објект.
Притоа било констатирано дека во текот на 2018 година загрепчанецот како претставник на пријавената фирма изградил објект од тврда градба, спротивно на решението издадено од јавното претпријатие за стопанисување со државни пасишта на Република Македонија.
Извор: Макфакс