Кривична пријава за злоупотреба на дозвола за движење во „полициски час“ | Правдико

Правдико

   

Кривична пријава за злоупотреба на дозвола за движење во „полициски час“

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против М.А.(46) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ и „фалсификување службена исправа“, како и против Х.Х.(56) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Првопријавениот, во својство на сопственик и управител на правно лице, во период на постоење на вонредна состојба и одлука за забрана и посебен режим на движење на територијата на цела држава, издал „Дозвола за движење на вработен поради вршење на сменска и ноќна работа“ и покрај тоа што правното лице нема регистрирано ноќна и работа. Второпријавениот, во два наврати бил сопрен и контролиран од полициски службеници, при што како доказ дека легално се движи и дека поседува дозвола за движење на увид им ја приложил дозволата за движење поради вршење на сменска и ноќна работа“.

Препорачуваме

Партнери на Правдико