Кривична пријава за злоупотреба на лични податoци на „Фејсбук“ | Правдико

Правдико

   

Кривична пријава за злоупотреба на лични податoци на „Фејсбук“

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

mvrСекторот за Компјутерски Криминал и Дигитална Форензика при МВР до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против Ј.К.(35), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“ по член 149 став 1 и 2 од Кривичниот Законик на Република Македонија.

Пријавениот без согласност ги прибавил корисничките податоци од профилите на две женски лица на возраст од 18 и 20 години на социјалната мрежа „Фејсбук“, и истите активно ги користел во повеќе наврати при што направил злоупотреба на нивните лични податоци на интернет. Ј.К. пристапувал на профилите на оштетените и без нивна согласносот прибавувал фотографии од нивните профили, и ги постирал на ВЕБ страна која што споделува материјали со порнографска содржина, со што постојат основи на сомнение дека го сторител кривичното дело.

Веднаш по доставувањето на пријавата од страна на оштетените лица до Секторот за Компјутерски Криминал и Дигитална Форензика за злоупотреба на нивните лични податоци превземени се мерки и активности во однос на утврдување на корисникот на профилот на ВЕБ странатата која што споделува материјали со порнографска содржина од кој се поставени сликите и по прибавување на доказите и анализа на истите наведуваат дека корисник е сега пријавениот Ј.К. кој постирал вкупно 68 фотографии (кои не се со порнографска содржина) од двете оштетени лица

Препорачуваме

Партнери на Правдико