Кривична пријави за четири лица во рамки на ОА Гора | Правдико

Правдико

   

Кривична пријави за четири лица во рамки на ОА Гора

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Единицата за економски и компјутерски криминал при Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на мецес декември во рамките на ОА Гора поднесе кривична пријава против лицата С.С. (49), Р.И. (26), Џ.И. (32) и Ќ.Б. (23) поради постоење основи на сомнение дека пријавените сториле седум кривични дела.

Првопријавениот С.С. се сомничи дека злоупотребувајќи ја својата службена положба и овластување во својство на референт за превоз и дотур во придружница Шумско Стопанство „Бабуна“ од Велес по претходен договор со останатите тројца пријавени им овозможил легален превоз на бесправно исечени дрва во количина од речиси седум и пол метри кубни огревно дрво – бука.

Имено, откако тројцата пријавени бесправно исекле огревно дрво бука, првопријавениот со својот потпис и со печат на ЈП Македонски шуми-ПШС Бабуна Велес, заверил Испратница во која внел невистинити податоци иако знаел и бил свесен дека жигосал и овозможил утовар на дрва во ТМВ марка Застава велешки регистарски ознаки. Испратницата со невистинита содржина му ја дал на второпријавениот кој во својство на возач на ТМВ бил сопрен и контролиран за страна на полициски службеници од Единицата АЛФА и Шумската полиција. На овој начит првопријавениот им овозможил на останатите пријавени да се стекнат со противправна имотна корист воедно оштетувајќи го Буџетот на РМ во висина од 51.000 денари.

Препорачуваме

Партнери на Правдико