Кривична против лихвар од Радовиш кој за две недели барал камата од 100 отсто | Правдико

Правдико

   

Кривична против лихвар од Радовиш кој за две недели барал камата од 100 отсто

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Радовишката полиција поднесе кривична пријава против Б.К. (36) од овој град поради сомнение за сторено кривично дело лихварство.

Како што информираат од МВР, во февруари 2021 година пријавениот на М.Б. од Радовиш му дал на заем 2.500 денари, при што договорил несразмерно висока камата од 100%, односно за две недели должникот требало да му врати 5.000 денари.

Откако парите не му биле вратени, пријавениот му се заканил на М.Б. и го принудил да му врати 11.000 денари.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико