Кривична против петмина скопјани за грабнување
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Полицијата поднесе кривична пријава против С.С.(39), Д.П.(40), А.Ј.(28), А.Н.(30) и Ж.М.(35), сите од Скопје, за сторено кривично дело „грабнување‘‘.
„Пријавените на 19 јуни годинава околу 9 часот во кафе-бар во Скопје договориле средба со М.К.(45) од Скопје со цел да разговараат за неговиот паричен долг од 7 300 евра кон првопријавениот.На средбата веднаш почнале да му се заканувааат на оштетениот дека доколку не го исплати долгот во износ од 100 000 евра ќе мора да ги препише куќата и станот. Оштетениот не се согласил, а тие насилно го внеле во патничко возило ‘голф 6’ и се упатиле во скопското село Зелениково, каде што физички го нападнале. Потоа го однеле во кафе-барот, а од таму го пренеле во стан во Ѓорче Петров и го држеле до 6 часот, кога оштетениот успеал да побегне од станот“, соопшти МВР.
Извор: Макфакс