Кривична против поранешниот градоначалник на Демир Капија поради незаконски дозволи за сеча на дрво | Правдико

Правдико

   

Кривична против поранешниот градоначалник на Демир Капија поради незаконски дозволи за сеча на дрво

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Поднесена е кривична пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија, Трајче Димитриев, за злоупотреба на службена положба и овластување во врска со  незаконски дозволи за сеча на дрво.

„На 29.09.2017 година пријавениот, како градоначалник на Демир Капија, за време на предизборна кампања за локални избори 2017 година, спротивно на одредбите од Изборен законик, донел решение во кое ја одобрил нелегалната одлука на советот на Општина Демир Капија, за одобрување на финансиски средства за покривање трошоци за добивање  дозволи за сеча на огревно дрво на 20 социјално најзагрозени семејства од село Дрен. Потоа на 10.10.2017 и 13.10.2017 година пријавениот на сметката на ЈП ‘Македонски шуми’ префрлил вкупно 110.000 денари за добивање дозволи за сеча на огревно дрво, а по преземени мерки, од страна на полициски службеници било утврдено и дека лицата за кои биле наменети паричните средства не се лица во социјален ризик“, соопшти МВР.

Пријавениот на тој начин го оштетил буџетот на општината за 110.000 денари.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико