Кривична против поранешниот градоначалник на Кочани, ѝ доделил на снаата грант за проект
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Поднесена е кривична пријава против поранешниот градоначалник на Кочани Д.Р. поради несовесно работење во службата и злоупотреба на службената положба и овластувањето.
„На 7.10.2015 година, пријавениот како градоначалник на општина Кочани, спротивно на Законот за спречување судир на интересите, склучил договор со Д.Е., сопруга на својот син, за грант за проект со повеќе корисници под програма „Еразмус+“, со што ѝ овозможил на Д.Е. да стекне противправна имотна корист од 226.630 денари. На 23.8.2017 година пријавениот, без одлука од Советот на Општина Кочани, донел решение за пренос на 510.000 денари од сметката на Општина Кочани на сметката на „Еразмус+“, со што му предизвикал материјална штета на буџетот на Општина Кочани за овој износ“, соопшти МВР.
Извор: Макфакс