Кривична против стружанка која на интернет објавувала компромитирачки фотографии од поранешното момче | Правдико

Правдико

   

Кривична против стружанка која на интернет објавувала компромитирачки фотографии од поранешното момче

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Тетовската полиција поднесе кривична пријава против 30-годишна жена од струшкото село Горно Татеши поради сомнение дека на социјалните мрежи објавувала компромитирачки фоторафии од своето поранешно момче.

Со ваквата постапка таа сторила кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.

Како што информираат од МВР, на 17. септември годинава, пријавената на социјалните мрежи „Facebook” и „Instagram”, креирала лажни профили на име на 36-годишен тетовчанец со кого претходно била во љубовна врска.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико