Кривична против вработен во ЈП „Македонски шуми“ поради несовесно работење | Правдико

Правдико

   

Кривична против вработен во ЈП „Македонски шуми“ поради несовесно работење

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против педесет и едно годишен жител на тетовско Сараќино, за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

„На 07.10.2018 година во атар на село Јелошник, на место викано Дубја, од страна на полициски службеници биле затекнати три лица кои вршеле сеча на дрва на парцела која не соодветствувала со парцелата наведена во дозволата за сеча, при што било констатирано дека пријавениот, како самостоен референт во ЈП ‘Македонски шуми’ – ШСЕ ‘Шар Планина-Бистрица’, не извршил контрола на локацијата за сеча на дрва наведена во дозволата“, соопшти МВР.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико