Кривична против вработена во ПСШ „Лопушник“
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против кичевкa(49) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.
На 5.09.2017 година во РЕ „Расадник Крушино“, од страна на вработени во ЈП „Македонски шуми“ –Скопје, при попис било констатирано дека во периодот од март 2015 година до 5.09.2017 година кога пријавената, како референт во ПСШ „Лопушник“ – Кичево при ЈП „Македонски шуми“ -Скопје, била одговорна за готови производи, имало 43 476 садници помалку од предвиденото, со што истата на ЈП „Македонски шуми“ – Скопје му причинила материјална штета од 233 288 денари.
Извор: Макфакс