Кривична за 46 годишен жител на кумановско Ваксинце за “криумчарење мигранти“ | Правдико

Правдико

   

Кривична за 46 годишен жител на кумановско Ваксинце за “криумчарење мигранти“

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

mvrОдделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал реализираше случај на криумчарење на мигранти, при што од слобода е лишено едно лице, македонски државјанин, поради постоење на основано сомнение дека е сторител на кривично дело “криумчарење на мигранти“ предвидено и казниво по член 418-6 став 2 од КЗ на РМ.

Имено врз основа на добиени информации дека лицето И.Д. (46) од с.Ваксинце, Куманово, за одреден паричен надоместок, подолг временски период прифаќа и сместува поголема група илегални мигранти, на неутврдена локација во с.Ваксинце, Куманово, од страна на Единицата за трговија со луѓе и криумчарење мигранти при ОСОСК преземени се оперативни мерки за утврдување на објекти во кои лицето И.Д. ги сместува мигрантите.

Така, денес (23.12.) врз основа на претходно изработен план за реализација и обезбедени Наредби за претрес на дом и помошни простории, добиена од Судија во претходна постапка, извршени се претреси на три локации при што на една локација, куќа во изградба во сопственост на И.Д. пронајдени се илегални мигранти, додека при извршениот претрес во објектот каде што живее осомничениот пронајдена и одземена е, со потврда за привремено одземени предмети, една ловна пушка и 46 парчиња муниција за ловна пушка.

Од страна на Единицата за трговија со луѓе и криумчарење мигранти при ОСОСК до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција во текот на денот ќе биде поднесена кривична пријава против лицето И.Д. од с.Ваксинце, Куманово поради постоење на основано сомнение дека е сторител на кривично дело “криумчарење на мигранти“ предвидено и казниво по член 418-6 став 2 од КЗ на РМ, додека илегалните мигранти се приведени и истите се сместени во Транзитниот центар за странци во Скопје.

Партнери на Правдико