Кривична за битолчанец кој прикажувал порнографија на деца
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Полицијата поднесе кривична пријава против седумнаесетгодишник од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела “задоволување полови страсти пред друг“, “злоупотреба на лични податоци“, две кривични дела „прикажување порнографски материјал на дете“, производство и дистрибуција на детска порнографија“ , „присилба“ и „загрозување на сигурноста“.
Во периодот од август до октомври годинава, пријавениот преку неговиот Снепчет-профил, како и со вклучување на видео-разговор на Фејсбук, во повеќе наврати се самозадоволувал пред тринаесетгодишно девојче од Битола.
На 21 декември, момчето без согласност на девојчето, ги искористило нејзиното име и презиме, како и четири нејзини фотографии, на начин што направил профил на „Инстаграм“, каде што објавил четири фотографии со експлицитна содржина од детето.
На 12 ноември, пак, пријавениот на „Инстаграм“ објавил четири слики со порнографска содржина од детето и со тоа ги направил достапни до поголем број на деца кои не наполниле 14 години.
Тој, претходно, при вклучен разговор на апликацијата „Месинџер“ направил неколку фотографии со порнографска содржина од детето, кои ги објавил направениот Инстаграм-профил.
Во периодот од август до октомври, во повеќе наврати испраќал слики и аудиовизуелни пораки со порнографска содржина на тринаесетгодишното девојче, преку апликациите „Месинџер“ и „Снепчет“.
Пријавениот повеќепати му се заканувал на девојчето дека ќе објави нејзини слики со експлицитна содржина од периодот кога биле во блиски лични односи, доколку таа не се вклучи на видео-разговор и не прави се што ќе посака тој.
Извор: Нова Македонија