Кривична за ексдиректор на „Градски пазар“ од Охрид, одобрувал за себе и други аванси за службени патувања
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.СВР Охрид поднесе кривична пријава против Т.К.(39) од село Лескоец, охридско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,злоупотреба на службена положба и овластување“.
Во периодот од 16.12.2013 до 08.11.2017 година пријавениот како директор на Јавното претпријатие ,,Градски пазар” во Охрид, за себе и други вработени во претпријатието одобрувал аванси-дневници за службени патувања, по што, спротивно на одлука на управен одбор, од страна на истите не биле поднесувани извештаи за потрошените средства. Притоа, патните налози за службените патувања на истите вработени, не биле или биле делумно пополнети.
Исто така, пријавениот, без одлука на управен одбор, одобрил да биде изнајмено патничко возило на трошок на јавното претпријатие за службено патување на вработен. Со ова пријавениот на ЈП ,,Градски пазар”-Охрид му нанел материјална штета од 456.129 денари.
Извор: Макфакс