Кривична за гостиварец кој бесправно сечел дрјва од државна и приватна парцела | Правдико

Правдико

   

Кривична за гостиварец кој бесправно сечел дрјва од државна и приватна парцела

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Тетовската полиција поднесе кривична пријава против 43-годишник од гостиварското село Долна Бањица поради сомнение за сторени две кривични дела „пустошење на шума“ и две кривични дела „кражба“.

Како што информираат од МВР, во период од 2016. до март 2018. година, пријавениот на подрачјето на Гостивар извршил бесправна сеча на дабови дрва од парцела во сопственост на државата, со што за ЈП „Македонски шуми” предизвикал материјална штета од 29.400 денари.

Четириесет и тригодишникот бесправна сеча извршил и на парцела во приватна сопственост на жител од Гостивар при што за истиот предизвикал материјална штета од 364.095 денари.

Со тоа, пријавениот извршил бесправна сеча на вкупно 31,62 метри квадратни дабови дрва и предизвикал вкупна материјална штета од 393.495 денари (над 6.000 евра).

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико