Кривична за градоначалникот на Македонски Брод
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.НК КР Македонски Брод поднесе кривична пријава против М.В. (58) од Македонски Брод, градоначалник на општина Македонски Брод, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Во текот на 2014 година пријавениот спротивно на Договорот за доделување нафтени деривати од 7000 литри нафта за чистење на речните корита на реката Треска на подрачјето на општина Македонски Брод дозволил фирмата „Кодекс консалтинг“ ДООЕЛ Кичево, избрана како најповолен понудувач да не ги изведе во целост договорените обврски, односно наместо планираните седум делници кои биле предмет на јавната набавка да исчисти само четири делници, и за истото на фирмата ѝ ја исплатил договорената цена во целост во противредност на 3.000 литри нафта, а останатите количини нафта од 4.000 литри противзаконски ги присвоил за општината.
Исто така, пријавениот во периодот од 2012 до 2015 година, без да се изготви и донесе интерен акт – Правилник за начинот на евидентирање и контрола на потрошувачката на горивото за службените потреби на возилата од општината, без да се изготвуваат патни налози за службени патувања на возилата и евиденциски картички за секое возило посебно, со помината километража и потрошувачка, дозволил да се набавува и троши горивото на незаконскиначин и за приватни цели во износ од 1.596.677,26 денари.
Покрај ова, од Буџетот на општина Македонски Брод вршел исплата на средства на физички лица, спортски клубови, Здруженија на граѓани и фондации во износ од 3.509.238,50 денари. Потоа, пријавениот давал согласности за вработување на лица во основни и средни училишта, Дом на култура и детска градинка и исплаќал средства за плати и придонеси од Буџетот во износ од 6.853.167 денари на нововработените лица без за тоа да има систематизирани работни места во актите за систематизација, додека за систематизациите на некои акти не биле дадени согласности од надлежните министерства.
Додека, за ненавремената исплата на обврските на општината кон добавувачите за периодот од 2012 до 2015 година, за камати и други такси по налози за извршување, исплатени се средства во износ од 524.627 денари. Со ваквите незаконски дејствија оштетен е Буџетот на општина Македонски Брод во вкупен износ од 12.483.769 денари.
Извор: Макфакс