Кривична за измама за „гледачки на кафе“ | Правдико

Правдико

   

Кривична за измама за „гледачки на кафе“

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Струшката полиција поднесе кривични пријави против 49-годишната Ф.М., од село Јабланица, Струшко, државјанка на Албанија, и против 43-годишната прилепчанка И.В., за измама односно за помагање при измама.

Ф.М. со помош на прилепчанката дошла во домот на Н.Д. за да им гледа на кафе нејзе и на нејзината снаа. За таа цел побарала златен накит и 100 евра. Откако ѝ го дале тоа што го барала, им рекла дека треба да го земе златото за да ја тргне магијата и дека ќе им го врати во 15 часот. Потоа заминала од домот, им оставила телефонски број за контакт, но повеќе не се појавила. На телефонскиот број не била достапна. Ги оштетила лицата за 250.000 денари.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико