Кривична за кумановец кој не дозволил „пајак“ да го крене неговото возило и удрил еден од работниците | Правдико

Правдико

   

Кривична за кумановец кој не дозволил „пајак“ да го крене неговото возило и удрил еден од работниците

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против 62-годишник од овој град поради сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“.

Како што информираат од МВР, на 14 февруари годинава на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово, пријавениот се заканувал и спречил двајца вработени во ЈП Паркинг Куманово и полициски службеник со „пајак“ да го подигнат неговото возило, кое било непрописно паркирано.

Кумановецот со возилото удрил еден од вработените во ЈП Паркинг Куманово.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико