Кривична за лихвар од Гостивар
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Гостиварската полиција, во вторникот, поднесе кривична пријава против Б.И. (45) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,лихварство“ и ,,изнуда“.
Осомничениот во периодот од 2005 до 2014 година на име „услуга и давање на заем на парични средства со камата“ на лицето Ј.И. од село Балиндол, гостиварско му дал парични средства во висина од 2.500 евра во 2005 година, 500 евра во 2013 година и 1.000 евра во 2014 година.
Пријавениот, искористувајќи ја лекомисленоста и тешката имотна состојба на Ј.И., договорил камати од 20% месечно.
Така, за наведениот период на име камати и услуги го оштетил Ј.И. за вкупна сума од 12.000 евра, односно околу 738.000 денари.
Б.И. му ги изнудувал средствата со упатување на сериозни закани по неговиот и по животот на членовите од потесното семејство по телефон.
Извор: Макфакс