Кривична за малолетниците што фрлија молотов коктел на Музејот на албанска азбука
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.СВР Битола поднесе кривична пријава против четири лица на возраст од 16 до 17 години и тоа три лица од Битола и едно лице од Демир Хисар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
Имено, на 7 март околу 3 часот пријавените, откако изработиле четири „молотови коктели“, се упатиле кон Национална установа „Музеј на албанската азбука“. Кога пристигнале, запалиле дел од нив со цел да го опожарат објектот.
СВР Битола, по преземените мерки и активности, обезбеди повеќе материјални докази кои укажуваат дека пријавените се извршители на кривичното дело.
Извор: Макфакс