Правдико

   

Кривична за наставник од Тетово што истепал ученик за време на час

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Полицијата поднесе кривична пријава против 44-годишен наставник од Тетово поради сомнение за сторено кривично дело малтретирање во вршење на службата.

Како што информираат од МВР, тетовецот Н. С., вработен како наставник во основното училиште „Пашко Васа“ во село Копачиндол, на 26 јануари годинава во текот на наставата физички нападнал 14-годишен ученик во училиштето.

Имено, за време на часот ученикот побарал да биде ослободен за да ја земе тетратката од дома, но од страна на наставникот не бил пуштен. По ова, ученикот побарал од свој соученик празен лист од тетратка за да пишува, но пријавениот му се доближил и со рацете го оттурнал ученикот, а потоа главата му ја удрил од клупа нанесувајќи му телесни повреди.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико